Викендов почна деветнаесеттото издание на Саемот за хотели во Дубаи, а ќе се одржува во времетраење од четири дена.
Според организаторите, на саемот има преку 600 меѓународни, регионални и локални учесници, кои на своите штандови изложуваат идејни решенија за внатрешно уредување, осветлување и дизајн, технологија, организација и дизајн на кујни и перални, како и безбедност во хотелите.
На саемот се очекува да присуствуваат повеќе од 30 000 посетители.
Дубаи е една од водечките и меѓу најпопуларните туристички дестинации во светот, со профит од околу 179 милијарди долари годишно, а со својата гостопримливост егзотичната земја очекува бројките и натаму да растат.