Актуелно 20.09.2018 11:27

Салиу: Ако пропадне референдумот, Македонија ќе биде под опасност од пазарењата Косово-Србија

Салиу: Ако пропадне референдумот, Македонија ќе биде под опасност од пазарењата Косово-Србија

Главниот и одговорен уредник на весникот на албански јазик „Лајм“, Исен Салиу во емисијата „Отворено студио“ на телевизија Шења, рече дека ако референдумот пропадне, тогаш Македонија е загрозена од косовско-српските пазарења.

– Опасноста е многу реална да се случи ако референдумот пропадне, ако не се случи тој голем чекор кон НАТО и првиот чекор кон ЕУ. Опасноста е уште поголема поради фактот што во Македонија имаме неподготвени политички класи кои не претставуваат нас, мислам дека истото е и во Косово, тука ситуацијата може да биде малку полошо, воопшто не е подобро. Ова ја зголемува опасноста да влеземе во пазарењата во кои уште од почетокот сме во неповолна положба и кои на крајот ни даваат резултати кои воопшто не се совпаѓаат со иницијативата, односно со почетната кариера на оние политичари кои нас не претставуваат, рече Салиу.