Компании,Финансии 04.01.2019 00:17

Само Франција воведе данок за големите технолошки компании

Само Франција воведе данок за големите технолошки компании

Франција еднострано воведе од 1-ви јануари данок, со кој повеќе праведно да ги оданочи активностите на големите технолошки компании.

Австрија исто така ги објави плановите да се воведе од 2020-та година сличен данок, откако земјите од Европската унија (ЕУ) не успеаја да се обединат околу воведувањето на еден општ данок за големите технолошки компании. Оваа акција не се смета за фер, туку за задоцнета.

„Технолошките гиганти повлекуваат неколку десетици милијарди годишно од европските пазари, така што плаќаат даноци главно во САД, по местото на регистрација својата канцеларија, што беше дозволено до моментов. Многу од европските држави одлучија дека не треба повеќе да се испушти оваа златна можност. Само во Франција новиот данок ќе донесе околу 700 милиони евра приходи во државната каса од оданочувањето на таканаречената „GAFA“ група – „Google“, „Amazon“, „Facebook“, „Apple“, истакнуваат експертите. „Кон ова треба да се приклучат и други компании, кои во моментов се во фокусот на дискусијата, кои до овој момент не се дел од групата која се оданочува , како што се „Booking“, „Uber“ и други“, велат експертите.

За пример се истакнува компанијата „Airbnb“ која има „исклучително добро развиен бизнис на територијата на Европа, има големи приходи, но не плаќа даноци каде и да било во ЕУ“.

Според експертите случајот со „Apple“ во Ирска е „добар пример“ како големите компании, со многуте пари и со многуте адвокати, плаќаат помалку пари отколку еден просечен бизнис како процент.