Дека регистрацијата на пензионерите е тека бирократија реагираа и дел од експертите.
Аналитичарите кои ги консултираше Фактор велат дека составувањето на првата електронска годишна пријава е ново и модерно решение, но се децидни дека тоа ќе им го „отежни животот„ на тие кои не седат пред комјутер цело време, особено на оние кои воопшто не знаат да работат.
Децидни се дека мора да се најде и друг начин на реализација на овие измени, па предлагаат тоа да се прави во банките или дома кај пензионерите на пример.
Имено, Павле Гацов, претседател на Здружението на даночни советници вели дека составувањето на првата електронска годишна пријава е ново и модерно решение, но се децидни дека тоа ќе им го „отежни животот„ на тие кои не седат пред комјутер цело време, особено на оние кои воопшто не знаат да работат.
Самата регистрација се врши според пропишани правила и процедури со кои се штитат податоците за граѓаните. За жал овие процедури не земаат предвид дека даночни обврзници се и пензионери, потоа дигитално неуки, како луѓе кои се болни дури и слепи, за кои овој бирократски чин на регистрација ќе биде посебно тежок. Ангажирањето на полномошник создава друг вид на обврски за кои треба и да се плати, вели Павле Гацов