Исаак Лариан од Техеран се доселил во сиромашен американски кварт, а денес ја има најмоќната компанија за играчки во САД.
Татко му имал мала фирма за текстил, каде тој почнал да работи од детството.
„Почнав да работам од 9 години. Одев во училиште, потоа во продавница, па потоа ги пишував задачите и на крај одев во кревет. Навистина немав многу детски радости“, вели бизнисменот кој денес има 64 години.
На 17 години ги убедил родителите да го пратат во САД, говорејќи дека ќе му биде подобро таму.
Тие позајмиле 753 долари од вујко му, и го пратиле во Лос Анџелес.
Со помош на пријателите се вработил и миел садови за 1,65 долари на час.
Потоа работел и други професии, а по една година се запишал на колеџ со парите кои ги заработил.
Потоа во Калифорнија продолжил на државен универзитет, но решил и дека сака да се занимава со претприемништво.
Продавал роба од Азија, и тоа од својот стан, по што 30.000 долари продажба имал по 9 месеци.
Потоа се проширил и на други производи, а денес е најголем продавач на играчки во САД.