Мозаик 04.06.2018 16:49

Се појавија рендери од новиот iPhone X Plus со 6.5-инчен екран

Се појавија рендери од новиот iPhone X Plus со 6.5-инчен екран

iPhone X Plus ќе биде објавен во септември и практично сигурно ќе има 6,5-инчен екран.

Благодарение на серија од рендери, пренесени од MySmartPrice и @OnLeaks, станува јасно дека новиот модел нема да се разликува многу од минатогодишниот. Всушност, двата уреда изгледаат практично идентични, иако новиот iPhone X Plus е поголем, бидејќи сега екранот му е 6.5 инчи наспроти 5.8 инчи на неговиот претходник.

Изгледа димензиите на iPhone X Plus се 157.5 x 77.4 x 7.7 mm, што го прави толку тенок како и оригиналот, но повисок и поширок. Сѐ кај него е позиционирано како кај iPhone X – пресекот на врвот, страничните копчиња, „lightning“ портата и двојната задна камера со LED блиц во средината. Се разбира ние се уште не знаеме со сигурност дека Apple ќе го нарече новиот модел точно iPhone X Plus, но тоа изгледа логично, со оглед дека уредот е практично поголем iPhone X.

Екранот на новиот предводник најверојатно ќе биде OLED со резолуција 2688х1242. Очекуваме уште побрз процесор и поголема батерија, кои ќе ја претворат „Plus“ верзијата во најдобар телефон на Apple досега.

Најнови вести