Актуелно 16.04.2018 00:39

Се тече, се се менува, само Мило останува – Ѓукановиќ повторно избран за претседател на Црна Гора

Со 54 проценти освоени гласови, Мило Ѓукановиќ освои нов претседателски мандат на Црна Гора. Неговиот противкандидат Младен Бојаниќ освоил 33,5 проценти од гласовите.

Се тече, се се менува, само Мило останува – Ѓукановиќ повторно избран за претседател на Црна Гора

Со 54 проценти освоени гласови, Мило Ѓукановиќ освои нов претседателски мандат на Црна Гора. Неговиот противкандидат Младен Бојаниќ освоил 33,5 проценти од гласовите. Ова е втор претседателски мандат за Ѓукановиќ, а 6 мандати бил премиер.

Ѓукановиќ е речиси 30 години во владејачката структура на Црна Гора. Тој рече дека изборниот резултат е потврда за решеноста на Црна Гора да продолжи по патот на европскиот квалитет на живот и членство во ЕУ.

Во својот победнички говор тој најави дека нема да ги изневери очекувањата на граѓаните на Црна Гора.

„Ова е можност да им се заблагодарам на луѓето што ја поддржаа мојата кандидатура. Ова е можност да кажам дека го ценам ентузијазмот и лојалноста на граѓаните што ја поддржуваат оваа политика цело време“, рече Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ им се заблагодари и на коалициските партнери, кои, рече тој, покажаа приврзаност кон ДПС, испраќајќи порака дека се непобедлива коалиција.

Наместо пораки до противкандидатите, Ѓукановиќ им се обрати на лидерите на опозицијата.

„Овој резултат е толку убедлив и надмоќен што ова е можност да го преиспитате она што се вашите истрајни политички ставови, дека не може ништо добро да се направи со негирање на достигнувањата до кои дојде Црна Гора“, рече Ѓукановиќ.