Околу 4 860 вработени во банките на Европската Унија во 2017 година заработија по милион евра, што претставува зголемување од 5,7 отсто на годишно ниво, се вели во извештајот на Европската агенција за надзор на банки (ЕБА).
Бројот на тие со високи примања – тоа се директори кои заработуваат најмалку еден милион евра годишно – во банките на Европската Унија се зголеми за една третина, од 3 427 луѓе во 2010 година на 4 859 во 2017 година.
Речиси три четвртини од вработените (73,2 отсто или 3 567 лица) живееле во Велика Британија и повеќето од нив добивале плата во фунти.
Најголем пораст на високи плати во банките е забележан во Норвешка, каде што бројот на милионери во банките е повеќе од удвоен, од 12 лица во 2016 година дојде на 25 во 2017 година. И во Германија нивниот број е значително зголемен (54 проценти), од 253 луѓе на 390 во 2017 година.