Актуелно 05.12.2018 19:59

„Секаде околу нас гледаме црнила- доста е!“

„Секаде околу нас гледаме црнила- доста е!“

Доста е, ќе ве победиме и ќе ве победиме жестоко, а тоа ќе го видите на следните претседателски избори. Ова, на сегашната власт им го порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој се обрати на протестниот марш.

-Од државата ќе побараме да обезбеди сигурност, економски развој, подобар стандард, вработување за секој млад човек, полни паркови и насмејани лица во следната 2019 година. Ако тоа не ни го овозможи оваа влада, ќе ја смениме и ќе дојде друга влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија и сето ова што пред вас го зборувам ќе го исполниме, рече Мицкоски пред насобраните граѓани и додаде:

„Сонот на секој граѓанин е да ги гледа своите најблиски среќни и весели, но луѓето стануваат се поразочарани, гледајќи дека нема иднина. Оваа влада неможе да понуди ништо со што квалитетот на животот ќе биде подобрен. Секаде околу нас гледаме нешто што само со еден збор може да се опише, а тоа се црнила“.