Актуелно 11.06.2018 12:20

Секој четврти вработен во државата работи прекувремено и за четири недели одработуваат плус една дополнителна недела

Секој четврти вработен во државата работи прекувремено и за четири недели одработуваат плус една дополнителна недела

Откако Државниот завод за статистика обелодени за минимален раст на БДП од 0,1 процент во првиот квартал од годинава, деновиве пристигнаа лавина реакција од експертската јавност.
Иако, експертите во периодот наназад предупредуваа за катастрофалните политики кои ги води актуелната власт во економската и социјалната сфера, таа продолжи да се фокусира на штетните политики за промена на името на државата и македонскиот идентитет, а го занемари животниот стандард на сопствениот народ.
Претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку отворени обраќања до јавноста, укажа дека владејачката партија во многу сектори во македонската економија ја однесе државата на дното. Тој преку компаративна анализа, ја спореди Македонија сососедните земји, потенцирајќи дека Србија, Бугарија, Хрватска, како и Полска одат напред со забележан раст на БДП, додека Македонија паѓа на дното.
,,Единствено нешто што и успеа на оваа цунами економска политика на Владата на РМ предводена од Зоран Заев е во првиот квартал од 2018 година да ги задолжи македонските граѓани за повеќе од 300 милиони евра, а при тоа да не обезбеди раст на БДП. Можеме да заклучиме дека, Вие не живеете подобро! Граѓаните страдаат поради лошата економска политика! Ова е фијаско економија. Ова е економија со која Македонија паѓа на дното. Ова е уште еден пораз и затоа Македонија и граѓаните заслужуваат подобро,,- рече Мицкоски
По објавувањето на Извештајот на Светска банка, во кој за Македонија извршена е корекција на прогнозата за економски раст, Мицкоски се огласи на јавноста, упати критики и ја предупреди владејачката гарнитура.
,,Државата влегува во ризична зона, каде што ќе се бори за редовни плати и пензии. Лошите економски резултати значат дека граѓаните осиромашуваат и дека добиваат неизвесна иднина. Затоа потребно е да се понесе одговорност од цунами тројката Заев, Анѓушев и Тевдовски. Ова е уште една изгубена година за Македонија,, потенцираше Мицкоски.
Исто така, граѓаните паметат дека владејачката СДСМ во своите предизборни ветувања,постојано играше на картата за пораст на минималната и просечната плата во Македонија, за да лажно придобие поголем број на гласачи и на крај да ги изневери.
Вчера,текстилците се огласија на прес конференција и укажаа дека над 5000 работници во текстилната индустрија им се заканува опасност дека ќе ги изгубат работните места, поради тоа што странските инвеститори си заминуваат од земјата.
Во меѓувреме, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска не престана популистички дапарадира низ текстилните погони на фабриките ширум државата каде претежно женска работна сила со труд и пот го заработуваат парчето леб за своите семејства. Граѓаните реагираат на социјалните мрежи дека таа единственопромовира декларативни мерки кои остануваат испишани само на хартија, а ,,порастот,, на минималната плата значи враќање на парите во плико во џебот на работодавците.
Институтот Finance think кој преку истражувачки проекти се залага за подобрување на економските и социјалните трендови и политики во Македонија и регионот на Западен Балкан, на 1 Мај годинава објави поразителни податоци за Македонија дека секој четврти вработен во државата работи прекувремено и дека работниците со минималец за четири недели одработуваат плус една дополнителна недела, како и тоа дека најексплоатирани со прекувремени часови поминати на работа се ромите, турците, албанците, македонците и други етнички заедници.