Актуелно 06.06.2018 13:02

Шест лица повредени во сообраќајки, 108 возачи возеле пребрзо, „пајакот” со полни раце работа

Шест лица повредени во сообраќајки, 108 возачи возеле пребрзо, „пајакот” со полни раце работа

Во текот на вчерашниот ден (05.06.2018) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно седум сообраќајни незгоди, од кои три со лесни телесни повреди и четири со материјална штета.

Во сообраќајните незгоди шест лица се здобиле со лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 108 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 44 возачи од кои: девет возачи поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол, 22 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, пет возачи затоа што биле возачи-почетници и осум возачи поради останати сообраќајни прекршоци. Исто така исклучени од сообраќај се 15 возила бидејќи биле нерегистрирани.

Во текот на изминатиот ден издадени се 288 мандатни платни налози, додека 68 возила се подигнати со специјално возило „пајак”