Актуелно 09.10.2018 11:04

Шест загинати, 27 повредени во верижен судир во Србија

Шест загинати, 27 повредени во верижен судир во Србија

Најмалку шест лица загинаа, а триесетина се повредени во тешкиот верижен судир кој утрово околу 7 часот се случи на автопатот Белград-Ниш кај Јагодина во Србија. Сообраќајот е во прекин на двата правци, пренесуваат српските медиуми.

Полициски службеници, како и екипи на Противпожарната бригада и Брзата помош се уште се на лице место.

Причините за сударот не се познати, но се претпоставува дека во голема мера влијаела и маглата, поради која соображајот низ цела Србија се одвива во отежнати околности.