Актуелно 10.12.2018 20:36

Шилегов ќе отпушти 1200 вработени од Град Скопје и претпријатијата под градот

Шилегов ќе отпушти 1200 вработени од Град Скопје и претпријатијата под градот

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов на денешната седница на Град Скопје, директно им се закани на 1200 административци дека ќе ги отпушти од работа.

На обвинувањата од старана на советничката од ВМРО-ДПМНЕ Светлана Колариќ дека Шилегов вработил нови 25 луѓе во Јавното претпријатие Градски паркинг и дека тие се партиски војници, тој изјави дека морал да вработи нови луѓе во администрацијата бидејќи, луѓето кои биле примени од претходното локално раководство биле нестручни.

-Имаме 1.200 административци повеќе од она што ни е потребно. Веднаш ќе потпишам во ’Градски паркинг‘ да останат само 130 вработени кои се стручни и тогаш веќе нема да треба да вработувам нови. ЈСП ’Скопје‘ има 700 административци, или повеќе отколку што има возачи. ’Градски паркинг‘ јас кога станав градоначалник имаше 237 вработени, а сега има 258. Од нив половината се вишок и слободно може да си одат. Вработувани се по партиски клуч и тоа ни е јасно, а мене ми требаат стручни луѓе. Како да не вработувам нови. Ве повикувам вие да бидете претседател на комисија што ќе направи списокот на над илјада вработени од јавните претпријатија кои би требало да бидат отпуштени, вели Шилегов.