Актуелно 13.02.2019 22:52

Според Шилегов понови се старите автобуси од пред 20-тина години, а не оние од пред 9 години

Според Шилегов понови се старите автобуси од пред 20-тина години, а не оние од пред 9 години

Градоначалникот на Град Скопје денеска гостуваше во емисијата „Отворено на Алфа“ каде што говореше за спроведени и реализирани мерки. При самото гостување беше запрашан зошто по неговото доаѓање како градоначалник на Град Скопје реши да ги врати старите автобуси од пред 20-тина години.

„Ах, јавниот транспорт. Оваа држава пред околу 9 години потроши 80 милиони евра за набавка на околу 300 и нешто автобуси. Дел од нив се овие кинеските, и дел се украинските. Фабриката во Украина е пропадната, а со добавувачот од Кина не е договорено одржување на резервни делови. Тие за жал се пресклони на расипување заради тоа што поминале 8 или 9 години и тоа е најпогрешната доктрина, од еднаш да го променат целиот возен парк на јавното транспортно претпријатие на ЈСП.

Тоа се прави субсвецилно, секоја година помалку, на извесен период по малку, со цел да го обновувате возниот парк. И ние сега сме потрошиле 80 милиони евра пред 9 години и сега повторно имаме застарен возен парк“, појасни Шилегов. Според Шилегов околу 40-тина автобуси треба да бидат целосно отпишани поради недостаток на делови при што тврдеше дека стари низ градот веќе не можат граѓаните да видат.