Со волку пропусти или за ваков вид и број на скандали во сегмент како што е здравството, само една од овие работи е доволна за да биде сменет министерот. Но, она што е очигледно од постапките на владата, е дека Венко Флипче е незаменлив за СДСМ и за премиерот Зоран Заев.
Не поминува ден, а да нема некој скандал во здравството, тендери, починати деца, родилки, неквалитетни лекови, лекови со поминат рок.
Кои се всушност случаите кои беа главни вести.
На Клиниката за инфективни болести почина дете. Двегодишно дете од Прилеп со тешка форма на сепса во петокот било примено на Клиниката, и за 24 часа починало.
Измината недела почина Ева Крстаноска, девојчето од Пештани за кое не се собраа пари за лекување. Малата Ева веќе една година се бореше со многу редок вид на леукемија.
Министерот за здравство Венко Филипче особено се поврзува со сомнителни тендери. Додека граѓаните мака мачат да добијат соодветна здравствена услуга, поминуваат милионски тендери, некои засега се и стопирани.
Тендер во висина од околу 35 милиони евра со кој требаше да се централизираат лабораторите и да се набават и реагенси заврши кај млади лица со нова фирма. Дел од фирмите кои се занимаваат со овој бизнис беа изненадени што на тендерот се појавува нова фирма која досега не работела со оваа проблематика, ниту пак набавувала материјали од компанијата чии спецификации се наведени во тендерот. Или како што јавуваа медиумите, овој тендер под сомнителни околности го доби фирма АХР ЛАБ увоз – извоз ДООЕЛ која е во сопственост на 27 годишен граѓанин од Нови Сад, а локален директор е од Скопје.
Тука се и тендерите кои ќерката, директор на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска Ставридис ги даваше на веледрогеријата „Др-Пановски“ во сопственост на татко и Златко Панковски. Станува збор за три тендери, со вкупна вредност од 185 милиони денари или нешто над 3 милиони евра.
И смртноста како кај родилките, така и кај новороденчињата е неверојатно голема.
Родилка заврши на Геријатрија. Во длабока кома со канила за дишење, родилка од Скопје наместо на КАРИЛ заврши на геријатрија. 37-годишната Анета Симоновска се породила на скопска гинекологија кон крајот на минатиот месец. Породувањето минало добро, а на свет донела здраво машко дете, петто во семејството Симоновски. Дента кога требала да замине дома, почнал вистински пекол. Пет дена по породувањето Анета паднала во кома, срцето откажало и таа била сместена во шок соба. Сопругот во неверување, се сомнева дека се работи за лекарска грешка оти како што вели сопругата била здрава кога заминала на породување.
За многу краток период починаа неколку родилки. Во јули почина родилка откако на свет донела живо новороденче. Родилка починала во поранешната Градска болница. Црниот биланс во здравството покажува дека ова е четврти случај на почината родилка во скопските клиники откако претходно трите родилки Дебора Џамбази од Кичево, Маја Паневска од Свети Николеи Елизабета Динева од Гевгелија починаа по породувањето.
Смртноста на новореднчињата исто така е многу голема. Само на почеток на годинава или за три месеци на Клиниката за гинекологија и акушерство починале 35 бебиња, од кои 10 се родени од 22-25 гестациска недела. И минатата година за период од само околу три месеци починаа триесеттина бебиња.
Хигиената во Клиничкиот центар во Скопје беше главна вест неколку есеци. Клиниките во кампусот Мајка Тереза постојано тонат во ѓубре. Коментарите на граѓаните беа „околината на клиниките е депонија“. Ѓубрете се чистеше одвреме навреме, како и со некои доброволни акции.
Потоа граѓаните се жалеа на лош квалитет на лековите, како инсулинот. Неодамна дијабетичарите се пожаилја дел на не наеквалитетен инсулин, дел дека во периодот околу 15 август им бил поделен инсилин кој има рок само до септври годинава, или само 15 дена.
Несоодветната грижа за граѓаните се гледа и од фактот што се вработува среден медициснки кадар како медицински сстри и акушерки сои биле последни на листите за квалификуваност, искуство. Откако летово изби скандалот со кичевската болница, каде прво рангираната кандидатка не е примена, а последната е примена иако има многу помалку бодови од првата на листата, скандал ја тресеше и ЈЗУ Охрид Општа болница. Имено исто како во случајот со кичевската, така и во охридската болница од 31 кандидат рангиран според успех, за работно место медицинска сестра не е примен најдобриот кандидат, туку последниот.
И со лекарите слична ситуација. За здравствените работници ветија покачување за шест месеци во висина од 15 проценти и тоа за шест месеци откако СДСМ ќе ја превземе власта. Но, она што го добија вработените во здравството е само 5 проценти и тоа речи после година и половина откако СДСМ дојде на власт, а не како што ветуваше во првите шест месеци.
И специјализантите се излажани. Им ветуваа и плати, но ни тие не добија ништо.