За развој на е-трговијата потребен е холистички пристап и партнерски однос помеѓу бизнисите, банките, владата и корисниците.
Во 2017 година се формираше Асоцијацијата за е-трговија на Македонија токму за поврзување на сите засегнати страни со цел соработка за раст и развој на е-трговијата. Објавените резултати за 2018 година од страна на Државниот завод за статистика се охрабрувачки и можат да дадат мотивација за понатамoшни активности и работа за постигнување поголеми резулатати.
Спроведената анкета во првото тромесечие на 2018 година во Република Македонија во која испитаниците се изјаснуваат за направените онлајн нарачки и купувања во последните 12 месеци покажува раст на онлајн трговијата. Во овој период нарачале/купиле онлајн 31,6% како процент од интернет корисниците, спрема 19,5% истиот период минатата година што претставува пораст од 62%. Тоа значи дека 406 илјади Македонци нарачале/купиле онлајн во последните 12 месеци.
Што купувале најмногу? Македонците како и во минатата година, најмногу купувале облека и спортска опрема но структурно со помало учество од минатата година. На сметка на тоа повеќе купувале производи за домаќинство, храна и друго.
Од каде купувале најмногу? Она што е особено значајно за е-трговците од Македонија е дека за разлика од минатата година (31,7%), Македонците најмногу онлајн купувале од продавачи од земјата (52,3%). Ако во минатото доминантна онлајн трговија била кај продавачите од другиот дел на светот, најновте податоци на Државниот завод за стaстистика покажуваат дека Македонците доминантно онлајн тргувале од домашните е-трговци