Актуелно 18.03.2019 21:27

Силјановска Давкова: Ако Пендаровски се смета за небезбеден што да кажеме за граѓаните, како тие се чувствуваат?

Силјановска Давкова: Ако Пендаровски се смета за небезбеден што да кажеме за граѓаните, како тие се чувствуваат?

Според неа изјавите на противкандидатот Стево Пендаровски се чудни бидејќи доколу тој се чувствува небезбеден а е на власт, тогаш како би требало да се чувствуват граѓаните на Република Македонија.

Слушнав дека и специјалната јавна обвинителка исто така смета дека ја следат. Не знам што да кажам, оние кои што треба да не убедуваат во нашата безбедност бидејќи јавниот обвинител може да бара од ОТА, вас или мене или некој друг да го преслушкуваат од безбедносни причини, да сметаат дека се небезбедни, тоа лошо звучи бидејќи ја прикажува Република Македонија небезбедна држава, а во небезбеден амбиент во небезбедна земја има проблеми со одржување на фер и демократски избори, смета Силјановска Давкова.