Актуелно 04.03.2019 19:11

Поради кандидатурата на Пендаровски, остануваме без национален координатор за НАТО

Поради кандидатурата на Пендаровски, остануваме без национален координатор за НАТО

Функцијата национален координатор за НАТО која сега ја врши, Стево Пендаровски ќе биде ставена во мирување кога тој и официјално ќе стане кандидат за претседателски избори, објави Слободен печат. Претседателските кандидатури треба до Државната изборна комисија да се поднесат најдоцна до 21-ви овој месец. Од Владата уверуваат дека процесот на НАТО интеграцијата нема да трпи, иако нема да имаме национален координатор.

„Од моментот кога Државната изборна комисија ќе ја констатира кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател, функцијата „Националниот координатор за НАТО“ ќе биде во мирување“, објаснуваат од Владата.

Оттаму додаваат дека процесот на интеграција на Република Северна Македонија во НАТО го води национална структура.