Актуелно 19.02.2019 19:27

Силјановска Давкова: Изборот на Џафери се случи на крајно невообичаен начин, тоа фрла недемократска светлина на неговиот избор

Силјановска Давкова: Изборот на Џафери се случи на крајно невообичаен начин, тоа фрла недемократска светлина на неговиот избор

Професорката Гордана Силјановска Давкова, како гостин во вестите на Сител телевизија, изјави дека Талат Џафери е актуелен претседател на Собранието на Република Македонија кој што ги распиша и претстојните избори, тоа е еден ноторен факт.

-Но ние не можеме да заборавиме и јасно е дека изборот што се случи во Република Македонија во услови на мобилни телефони и сликање, во услови на нејасност дали постојат 61 глас за негов избор, рече таа.

Професорката вели дека неговиот избор е направен во услови на крајно невообичаено претседавање.

-Со таа седница по Уставот треба да претседава поранешниот претседател на Собранието и ако не може тој, тогаш најстариот член на Собранието. Но најстариот член му го предаде претседавањето на господинот Мисовски небаре тој го наследил, вели таа.

-Сето тоа фрла една недемократска светлина на чинот на изборот на господинот Талат Џафери, вели претстојниот кандидат за претседател на Република Македонија, професорката Силјановска.