Актуелно 18.03.2019 21:24

Силјановска Давкова: Младите си заминуваат од сопствената држава бидејќи власта не донесе „живот“ кој што го ветуваше

Силјановска Давкова: Младите си заминуваат од сопствената држава бидејќи власта не донесе „живот“ кој што го ветуваше

Универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Отворено на ТВ Алфа истакна дека на средбата со граѓаните кои што ги имаше изминатиот период најчесто поставувани прашања биле како се да спречи секојдневното масовно иселување на младите од државата, потенцирајќи дека власта не го донела животот кој што го ветувала.

-Најповторуваното прашање е до кога нашите најблиски, до кога нашите млади ќе си заминуваат, има ли лек за тоа. Тоа е прашањето кое што можеби најчесто го слушам. Се разбира статистиката е страшна, бидејќи над 58 проценти од младите велат дека си заминуваат зошто дома во Македонија не препознаваат живот, е сега како да им објасните оние кои победија под мотото живот, носат живот, сега не само што не овозможуваат за нив, туку и на оние кои остануваме животот ни е во прашање, вели Силјановска Давкова.