Актуелно 25.02.2019 12:41

Силјановска Давкова за Фокус: Ни на сопругот не сум му ветила безрезервна лојалност, а не пак на некоја партија!

Силјановска Давкова за Фокус: Ни на сопругот не сум му ветила безрезервна лојалност, а не пак на некоја партија!

Професорката Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател од ВМРО – ДПМНЕ за претстојните избори во изминатиов период е едно од најактуелните лица во медиумите. Нејзината професионална биографија е достапна на јавноста, но сепак, малку податоци се познати за нејзиниот приватен живот. За волја на вистината, сепак и приватниот живот на кандидатите има голема улога кога е гласачкото тело во прашање, пишува focus.mk

Околу тоа која е професорката Гордана Силјановска Давкова приватно, мајка, сопруга, жена која минува време во кујната и средување на дворот, вегетаријанка која не вози автомобил и практикува јога, и за многу други детали од нејзината интима, focus направи интервју со професорката.

Фокус: Кога сме кај поддршката и семејството, дали сте од тој тип на жени кои чекорат низ животот самостојно и независно кон својата цел, или пак се трудите да ги прилагодите вашите амбиции и кон потребите на семејството, односно наоѓате начин сите да бидат задоволни?

ГСД: Од дете живеам по свое. Бунтовник сум, се повикувам и борам за правда, секаде и секогаш. Се разбира, како и секој човек, понекогаш морав да правам компромиси, но никогаш не се предадов себеси и своите уверувања. На пример, на почетокот на младешката врска со маж ми, направив голема отстапка, па наместо последната година од гимназијата да ја поминам во САД, јас се вљубив и сметав дека ја „открив“ Америка во Скопје. Една година потоа, се откажав од намерата да студирам медицина и решив да студирам право.

Еманципацијата си дојде со годините и со успесите, како одговор на животните предизвици. Признавам дека знам да бидам „тврд орев“, ако ми е загрозено правото на мислење и на свој животен пат. Инсистирам и ја почитувам рамноправноста во бракот. Им се чудам и смеам на злонамерните „предвидувања“ дека ќе сум и била лојална на партијата што ме кандидирала. Па, јас ни на сопругот не сум му ветила безрезервна припадност и лојалност, а не пак на некоја партија!  Тоа го знаат оние со кои сум учела и другарувала, моите колешки и колеги, членовите на некогашната Либерална партија, министрите од Владата од 1992-1994, домашните. Инсистирам на слобода и ја бранам слободата на другите. Никогаш не се покорувам на нешта спротивни на мојот морален кодекс или принципот на правдата, по ниту една цена.

Целосното интервју со професорката Силјановска Давкова можете да го прочитате на focus.mk