Актуелно 14.03.2019 14:44

Силјановска: Ќе започне уривањето на заевизмот кој се повеќе им нанесува штета на граѓаните на Република Македонија

Силјановска: Ќе започне уривањето на заевизмот кој се повеќе им нанесува штета на граѓаните на Република Македонија

Кандидатот за претседател на Република Македонија професорката Гордана Силјановска Давкова оствари средба со уметници и актери со кои разговараше за актуелните случувања во областа уметноста.

-Се сретнав со наши уметници и актери. Загрижени се од сите скандали во министерството за култура. Јас ви гарантирам дека како претседател ќе воспоставам еден основен принцип владеењето на право да важи за сите, секаде, потенцираше Силјановска.

На крајот од средбатаСилјановска им вети на уметниците и актерите дека по победата за претседател, ќе започне уривањето на заевизмот кој се повеќе им нанесува штета на граѓаните на Република Македонија. А, со самата победа на заевизмот ќе дојдат подобри времиња за граѓаните но воедно и за уметниците и актерите.