Актуелно 19.09.2018 00:44

Силјановска: Уставниот суд може да направи пресврт, референдумско прашање во минатото било вратено на доработка

Силјановска: Уставниот суд може да направи пресврт, референдумско прашање во минатото било вратено на доработка

Професорката Гордана Силјановска во нејзиното гостување во „Отворено“ на телевизија Алфа, вели дека Уставниот суд може да направи пресврт ако сака и ако може во пресрет на утрешната одлука околу оценување на уставноста на референдумот. Таа како пример го посочи португалскиот случај каде Уставниот суд рече дека прашањето што е поставено во врска со европскиот устав е нејасно и го има вратено назад на доработка.

-Уставниот суд е пред предизвик да ја смени перцепцијата кај нас граѓаните. Ова е прилично задоцнета реакција на Уставниот суд. Се надевам дека ќе го оправдаат својот статус. Да се биде уставен судија значи врв во кариерата. Некои од уставните судови одиграа клучна улога во владеењето на демократијата. Уставниот суд треба да биде пример како Шпанскиот и Португалскиот кои се примери за недопирливост, вели Силјановска.

Во врска со референдумската кампања, Силјановска вели дека не знае дали да се повика на право или на здрав разум. Таа посочи дека актерите на референдумите се или политички партии или групи на граѓани или здруженија. Според неа непосредната демократија е против тежа на претставничката демократија и за неа е сосема нејасно како во исти субјекти се на едно место собрани пратениците и претставниците на непосредната демократија.

-Во кодексот на добри изборни практитки убаво си пишува дека органи не можат да примаат јавни средства поради рамноправноста на субјектите. Примерот со Брегзит. Групи од политичката партија одат во парламетнот и се регистираат за или тие што се против исто така се регистрираат и си овластуваат овластен преставник и тука почнува распределбата на парите. Овде има феномен на гласање за и гледаме како да сме на парламентарни избори па како да имаме кандидати за пратеници, јавни личности кои изјавуваат дека ќе гласаат за, рече Силјановска.

Во однос на одвојувањето на партијата од државата Силјановска вели дека во последниве години се нарпавиле големи напори на тоа поле. Таа додава дека важат истите правила за референдумот како и за изборите, а тоа значи дека не смее да има вработување, покачување на плати и други работи. Силјановска притоа додава дека треба да се внимава дури и активностите на министрите да не се злоупотребува, а напротив гледаме учество на генерали па и црковни лица во спотови. Според неа во кодексот на добри изборни практики органите на власта се појавуваат само во информативна кампања, додека овде ние имаме агитирање. Овде Според Силјановоска нема поделба на власта. Сите се и Влада и пратеници и ова е непозната референдумска практика.