Професорката Гордана Силјановска во гостувањето на Алфа посочи дека е непознат уставен фемомен е со амандмани да се менува преабула.
Таа посочува дека преамбулата нема членови или нема параграфи кои треба да се сменат и дека единствена работа е текстот на преамбулата да се смени целосно.
Според неа додавањето на Северна во преамбулата значи целосно ретуширање на историјата каде што ќе се напише дека борбата била за Северна Македонија.
– “Прогласот на АСНОМ не е од државно правно значење. Проблемот е во Манифестот. Таму се повикува на обединување на македонците во соседните држави. Во Манифестот на АСНОМ нема иредентизам. Никој до сега не се повикал на преамбулата за да се оствари некакво право“ кажа Силјановска.
Во врска со вметувањето на Охридскиот рамковен договор таа вели дека е нелогично тој да се најде во преамбулата со оглед дека тој е политички договор кој никогаш не е ратификуван од страна на Собранието.
– “Нелогично е рамковниот договор да се најде во преамбулата. Охридскиот договор е реалност, се применува, се оценува имплементацијата во сите годишни извештаи но меѓутоа во преамубулите влегуваат акти кои донело собранието уставно правни документи, државно рпавни документи. Охридскиот рамковен договор беше донесен како политички договор од страна на четирите партии со гаранција од страна на претседателот и претставник од меѓународната заедница и е договор кој е на англиски и не ратификуван од парламентот и за кој Уставниот суд реши дека нема да го оценува дека е политичка“ вели Силјановска.
Силјановска посочува дека проблемот не е во Република Македонија туку е во реалното постоење на македонци во соседните држави. Таа додава дека оној кој не го почитува интегритетот и политичката независнот бара од Македонија тоа да го почитува.
Силјановска ги спомна и аманданите на новата пратеничка група во врска со заштита и гаранција на културата и историјата и таа смета дека ако се спореди со преамбулата тогаш ќе се види дека тие се декларативни и декоративни.