Во просториите на Општинскиот комитет Бутел, вечерва се одржа претставување на професорката Гордана Силјановска Давкова која е еден од кандидатите на конвенцијата за кандидат за претседател на Република Македонија.
Пред членовите, професорката ги презентираше својот план и визија за Република Македонија.
Инаку вчера, професорката ја започна внатрепартиската кампања од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорче Петров, а потоа го посети и Општинскиот комитет Гази Баба.