Актуелно 09.07.2018 14:03

Сиромаштијата доаѓа на голема врата – Трошоците на живот во јуни повисоки од лани за 1,4 отсто, а цените на мало за 2,8 проценти

Сиромаштијата доаѓа на голема врата – Трошоците на живот во јуни повисоки од лани за 1,4 отсто, а цените на мало за 2,8 проценти
сиромаштија,македонија, регион

Сиромаштијата зема се поголем замав во Македонија. Трошоците за живот постојано и вртоглаво растат додека платите стагнираат. Плата од 30.000 денари или 500 евра како што ветуваше Владата нема додека даноците и давачките постојано растат а цените на производите вртоглаво се покачуваат. Според експертите ваквиот тренд на покачување на трошоците и давачките додека платите тапкаат во место додатно го осиромашува и онака сиромашното население во земјата. Додатно ако се земе фактот  дека ќе се воведува прогресивниот данок каде ќе се оданочи ИТ секторот докторите инженерите  и сите оние кои земаат над 1.000 евра плата тогаш се констатира дека следно  средната класа е на удар. Ваквата пракса покажала дека постепено но сигурно средната класа изумира што останува голем јаз меѓу богатите и сиромашните.

 

Објавените податоци покажуваат дека кај трошоците на животот е забележано движење во подгрупите, односно во споредба со претходниот месец, е забележан раст кај свежото и разладеното овошје за 4,8 отсто, замрзнатото овошје и сувото овошје и јаткастите производи за 0,4 отсто, јогуртот, замрзнатиот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 0,3 отсто, сирењето и урдата, конзервираното овошје, шеќерот, џемот, медот и кондиторските производи и другите прехранбени производи за 0,2 отсто.

Пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 4,8  отсто, услугите за сместување за 3,7 отсто, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства, услугите за култура за 3,5 отсто, туристичките пакет-аранжмани за 2,8 отсто, гасот за домаќинстватаза 2,6 отсто, парамедицинските услуги за 2,2 отсто, стоматолошките услуги за 1,8 отсто, игрите, играчките и хобијата за 1,6 отсто, средствата за чистење и одржување на станот за 1,1 отсто, снабдувањето со вода и другите услуги во врска со станот за 0,6 отсто и обувките за 0,4 отсто.

Владата ветуваше зајакнување на средната класа и покачувања на платите но како што велат експертите покачување видовме само кај давачките и даноците. Граѓаните се револтирани и гневни и велат дека едвај врзуваат крај со крај.