Актуелно 22.08.2018 15:36

СКАНДАЛ: Филипче им порачува на граѓаните дека ако не гласаат за промена на името, децата ќе им примаат неквалитетни вакцини?!

СКАНДАЛ: Филипче им порачува на граѓаните дека ако не гласаат за промена на името, децата ќе им примаат неквалитетни вакцини?!

Министерот за здравство, Венко Филипче, со статус на Фејсбук ги загрижи родителите на децата кои треба да се вакцинираат.

Со цел да помогне во владината кампања за договорот со Грција, односно пред референдумот, Филипче направи чекор кој ниту еден министер не смее да си го дозволи.

Тој повика да се гласа ЗА промена на уставното име на земјава, на референдум, а како причина за тоа  сервира каква придобивка би имале.

„Најквалитетни вакцини за сите наши деца“!

-Членството во ЕУ значи подобри здравствени услуги за сите, а за нашите деца значи најквалитетни вакцини.  Пред нова вакцина да биде одобрена на пазарот, поминува низ строга регулаторна постапка за проценка на квалитетот, ефикасноста и безбедноста, напиша министерот на Фејсбук.

Министерот Филипче, терајќи кампања на СДСМ, мора да ја сноси и одговорноста како министер во еден од најважните ресори во државата.

Додека кај партискиот челник Заев ќе има како да се оправда бидејќи ги повикува граѓаните на референдум, Филипче ќе мора да одговори и пред родителите во Македонија:

-Дали со ова тврдите дека моментално во Македонија имаме неквалитетни вакцини?

-Дали на граѓаните им порачувате дека само ако на референдумот гласаат со “ЗА“, нивните деца ќе бидат соодветно заштитени?

-Дали свесно влевате страв кај родителите кои овој период треба да ги вакцинираат децата или неодамна ги вакцинирале или само имате многу лоша ПР служба?

Министре, дали на граѓаните им порачувате дека само ако гласаат на референдум за промена на уставното име на државата, здравствените власти ќе водат грижа за нивното здравје?

Европската Комисија порача дека е „многу загрижена“ што три од седумте земји со највисока стапка на мали сипаници се земји членки на ЕУ.

-Ниската имунизација во една земја ги става во опасност безбедноста и здравјето на граѓаните во цела Европа. Вакцинацијата е акт на солидарност, изјави Анка Падурару, портпаролка на ЕК.

 

Најнови вести