Владата на Република вчера распиша тендер за хортикултурно одржување и уредување на објектите на Државната управа. Иако во нормални услови вакви тендери би претставувале една нормална работа, во Владата предводена од Зоран Заев и СДСМ тоа стана вистински скандал.
Имено, според огласот на службата за општи и заеднички работи, објавен на Бирото за јавни набавки, проценетата вредност на набавката е околу 670 илјади евра.
Силно одекна во јавноста овој скандал на Владата, на социјалните мрежи бројни коментари со неверување за уште еден во низата најмалку може да се каже чудни потези на власта, како што вели дел од јавноста.
Со реакција во јавноста излезе актерката Ирена Ристиќ, која праша дали оваа сума е реална или има нешто за заташкување.
-670.000 евра за цвеќенца околу Владата?! Што ќе прајте, бе?! Реплика на Гардн оф Идн?! Вистина ли е ова или пак има нешто за заташкуење?! Одма да кажете! Одма!! , пишува Ристиќ.
И популарната на социјалните мрежи Ина Многуфина, излезе со реакција на Фејсбук. Таа потсети дека порано биле шокирани за врбите, но дека сега можело и полошо, како и дека на сајтот за донации 25 луѓе чекаат пари за операција.
-Ми текнува коа сите бевме шокирани за врбите од 250.000 евра ама ќути можело и полошо… во меѓувреме на сајтот за донации 25 луѓе чекаат пари да се оперираат… али нема везе уживајте…
Жестоки реакции за овој тендер на власта доаѓаат од сите страни, со реакција на Фејсбук излезе и поранешниот кандидат за пратеник на СДСМ од дијаспората, Зоран Ивановски, кој потсети дека во Битола 9 од 11 училишта немаат платено електрична енергија, а Шекеринска дели милион евра за реклами, а премиерот Заев сади цвеќиња за 670.000 евра.
-Во Битола 9 од 11 училишта немаат платено електрична енергија, Рада дели милиони евра за реклами, Заев сади 670.000 цвеќиња, на твитер тиња од народ се занимава со мене, пишува Ивановски.
Во еден од постовите бара да се дадат пари за лекување на деца, а не за цвеќиња на владите. Во овој статус се прашува и зошто не се стават филтри на фабриките, бидејќи за неколку месеци повторно сите ќе дишат загаден воздух.
-Пред некој ден почина детенце поради немање пари за лечење. ДЕЦА УМИРААТ ОТИ НЕМААТ ПАРИ ДА СЕ ЛЕЧАТ! ВИЕ ТРОШИТЕ НАД ПОЛА МИЛИОН ЕВРА НА ЕБ*НИ ЦВЕЌИЊА. Извинете на вулгарност, ама нема друг начин!!! Кој цвеќиња бре неориентирани кормилари! До цвеќиња ви дошло?! Нека е гола сува ледина. Коров и трње нека има. Дајте ги парите за лечење на дечињата. Имате ли два грама памет во главите? Кој го нарачал ова? Знаете ли колку пари се 700 000€? Во лудница да се прати тој кој што ја предложил набавката. Свесни ли сте вие во која состојба е земјава? За некој месец ќе дојде есен. Воздухот ќе биде отровен. Децата ќе излегуваат надвор и ќе дишат! Зошто нема нарачка за маски по стандард за секое дете? Зошто нема филтри за железара и други фабрики? Зошто нема бесплатен превоз цела зима??? Цве-ќи-ња!!!??? Вие сте изгубени германци. Тоа да се поништи! И сите други слични глупости! Спасувајте ги децата! Лечете ги! Трошете за приоритети…ако знаете што точно значи тој збор!!! Не можам да поверувам. Ова е лудо. Тотално лудо!!!
Во еден од статусите се порачува да се купат венци со овие пари, ако веќе решиле да ја погребаат државата.
-700.000 евра од Владата за цвеќиња!? Нека бидат венци. Како сте тргнале ако веќе сте решиле да ја погребате Македонија, нека биде со сите почести! Нека почива во мир малечката Ева, за која немаше пари за лекување! Колку дечиња, колку нежни цвеќенца, ќе се излечеа со 700.000 евра?!, се вели во еден од статусите на Фејсбук.
Еден граѓанин пак прашува дали е ова сериозно или станува збор за мајтап.
-700.000 евра за цвеќиња! Е вака се прај ако сакате да ви цути државата! Сериозно е ова бе или мајтап е?
Друг граѓанин пак прашува колку амбулатни возила ќе се купеа со парите што ќе се дадат за цвеќињата.
-Ај Мерцедесот од 600000 евра кој остана во владата изгубил вредност па не се исплати да се продава за да се купат амбулантни коли. Ама место цветичиве колку амбулантни колку ќе се купеа??? И 700000 евра за пошумување на Водно на трасата на која ќе поминува гасоводот, штета која свесно ќе се предизвикува??? Бројчаникот на триумфална капија прегреа, се вели во еден од статусите.
Друг граѓанин пак прашува да не не погребуваат.
Владата ќе купува цвеќиња за 670 илјади евра. Овие да не не погребуваат???, пишува во еден од статусите.