Скопје утрово повторно се најде на врвот на листата на најзагадени градови во светот.
Македонија со месеци никако да се справи со намалување на загаденоста која ја ветуваше власта предводена од СДСМ пред да дојде на власт.
Скопје според светското рангирање утрово се најде на врвот од листата со 266 ПМ 10 честички на метар кубен, а веднаш зад нас е Пакистан и Индија, додека сме во друштво и на Кина, Бангладеш, Казакстан, Косово и Непал.
Проблемот со загаденоста веќе со месеци освен во главниот град има и низ речиси сите градови низ републикава.
И додека граѓаните се изнаслушаа празни ветувања за време на локалните избори од страна на градоначалниците на СДСМ, граѓаните на Македонија молат бога да дувне ветер за да го исчисти канцерогениот воздух кој со месеци ги преплави болниците.