Не добра вест за Македонија ако држава која е во најзначајните трговски партнери има тешка криза, вели професрот Трајко Славески. Турција поминува низ страшен период и е пред рецесија, а турската лира само годианва изгуби 40 отсто од вредност. Она што е пострашно е што од ден на ден банкротираат фирми во земјата, а турските компании го повлекуваат капиталот од страна. Славески вели дека на наше тло нема место за паника, ама вели дека ситуацијата со Турција не е наивна. Во изјава за Фактор тврди дека до тоа довеле повеќе фактори, а штета ќе трпи најверојатно и глобалната економија.
„Ова што се случува во Трција е резултат на политички и економски фактори во земјата. Прво политички тоа се должи на тоа што земјата тежнее кон авторитарно владеење, слаба независност на Централната банка. Претседателот има големо влијание, системот е претседателски. Централната банка требаше да почне со затегнување на политиката, а Ердоган тврди дека со високи камати ќе ја заузда инфлацијата, што не е точно. Неговиот зет од ќерка е министер што дополнително го зголемува притисокот. Ова е психологија и создава паника кај инвеститорите. Дополнително, проблемот се вжешти поради односите со САД и се создаде поголем проблем. Сепак никој не може дали оваа ситуација може да се префрли на другите пазари, иако се тврди дека најпогодени ќе бидат тие брзорастечките економии. Фактот што во Турција во последните десет години имаше бум, а сега земјата должи близу 300 милијарди долари, а има девизни резерви од само 70 милијарди е аларм. Падот на валутата ќе предизвика банкрот на многу фирми особено на тие што се извозно ориентирани. Е сега како ова ќе се одрази на Макеоднија? Секако не е добра вест кога на некој значаен трговски партнер не му оди добро, вели Славески.
Трговската размена меѓу Макеоднија и Турција надминува 400 милиони долари на годишно ниво.