Актуелно 27.11.2018 23:24

Снегот ни доаѓа од утре, задутре студено- убаво подгответе се за екстремно ладно за време на викендот и минусни температури

Снегот ни доаѓа од утре, задутре студено- убаво подгответе се за екстремно ладно за време на викендот и минусни температури

Времето утре ќе биде облачно, студено и ветровито со повремени врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег со слаб до умерен интензитет.

Попладне врнежи од снег се очекуваат и на некои пониски места.

Времето задутре ќе биде претежно облачно и студено со провејување на снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од -3 до -5 степени.

Во петок времето ќе биде сончево со умерена облачност и температура од -7 до 7 степени.

Во сабота времето ќе биде умерено облачно, а денот ќе биде проследен со ниска температура од -10 степени.