Економија 25.09.2018 19:24

Со воведувањето царини за увоз на кинески стоки, САД и „држат нож под грлото“ на Кина

Со воведувањето царини за увоз на кинески стоки, САД и „држат нож под грлото“ на Кина

Со воведувањето царини за увоз на кинески стоки, САД и „држат нож под грлото“ на Кина, изјави кинескиот заменик министер за трговија Ванг Џувен, оценувајќи дека и двете земји губат во трговската војна.

– Не може да се каже дека досегашните преговори беа бескорисни, но САД го напуштија принципот на меѓусебно разбирање со Кина, изјави Ванг.

Трговската војна почна со воведувањето на американските царини за увоз на челик и алуминиум, по што Кина воведе царини за американски земјоделски и други производи, со што се нарушија односите меѓу двете најголеми економии во светот.

– Одредени сили во САД упатуваат неосновани обвинувања на сметка на Кина, со што се затру атмосферата на кинеско-американските односи, изјави кинескиот министер за надворшени работи Ванг Ји.