Актуелно,Мозаик 29.12.2018 10:50

Сонце на крајот од годината: Временска прогноза

Сонце на крајот од годината: Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Повеќе облачност ќе има во североисточните делови. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието.

Денеска дневните температури ќе бидат: во Скопје и Кавадарци 7 Целзиусови степени, Маврово и Берово 4, Охрид 8, Крива Паланка 5, Дојран 11 степени.

Прогнозата за утре е умерено до значително облачно. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд и снег.

Дневните температури утре ќе бидат во Скопје 6 степени, во Охрид, Крива Паланка и Битола 5, Берово и Маврово 2, Кавадарци 7 и Дојран 9.