Актуелно 18.08.2018 08:44

Сончево и топло со локална облачност

Сончево и топло со локална облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а попладне во планинските подрачја облачноста наместа ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 29 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 15 степени, а дневната ќе достигне до 35 степени.

Во недела и во почетокот на наредната седмица во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи