Актуелно,Живот 07.08.2018 11:46

Сончево и топло, температурата ќе достигне до 37 степени

Сончево и топло, температурата ќе достигне до 37 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималните температури ќе се движат од 11 до 19, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 30 до 37 степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен северен ветер, со температури од 17 до 34 степени.

Во наредните денови следува период на сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Во четврток ќе има услови за локален краткотраен дожд и појава на грмежи.