Актуелно,Мозаик 27.01.2019 10:52

Сончево со мала облачност, од утре нови врнежи

Сончево со мала облачност, од утре нови врнежи

Денес во утринските часови по одделни котлини е можна појава на слаба магла, во текот на денот времето ќе биде претежно сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти под нулата и ќе се движи од -9 до -1 степен, додека дневната ќе се движи од 2 до 9 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и температура од -6 до 2 степени.

Во следните денови ќе преовладува облачно време со услови за магла по котлините. Во понеделник од крајот на денот ќе започнат нови врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд, а на планините од снег и се очекува врнежите најпрвин да се поинтензивни на запад, а потоа да се прошират насекаде и да траат и во ворник кога ќе се поинтензивни и на југоистокот и истокот.