Живот 01.06.2018 12:05

Сончево со температури до 34 степени

Сончево со температури до 34 степени

Времето денеска ќе биде сончево и уште потопло, попладне во крајните западни делови ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. Минималните тмператури ќе се движат од 9 до 16, а максималните од 27 до 34 степени. Во Скопје ќе биде претежно сончево, со температури од 14 до 32 степена.

За време на викендот и во почетокот на наредната работна седмица и понатаму ќе се задржи топло, а нестабилност со пороен дожд и грмежи ќе има на повеќе места низ земјава.