Актуелно 09.11.2018 09:45

Сончево време со максимални 20 степени

Сончево време со максимални 20 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Максималната температура ќе се движи од 15 до 20 степени, соопшти УХМР.

Во Скопје, сончево со умерена облачност и со максимална температура до 18 степени.

Во наредните денови  ќе продолжи периодот на стабилно време со појава на утринска магла по одделни котлини. Дневните температури ќе се задржат над просекот за овој период од годината.