Актуелно 12.10.2018 20:15

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром бараат информации за наредната седница за разговорите со инвеститорот и Град Скопје

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром бараат информации за наредната седница за разговорите со инвеститорот и Град Скопје

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ од општина Аеродрон, Пане Антовски на денешната вонредна седница на советот рече дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги гласаат сите предлози на градоначалникот Златко Марин, кои се во корист на граѓаните но притоа градоначалникот е должен да ги извести советниците до каде е со преговорите со инвеститорот на спорната парцела

-Ние ќе гласаме за предлозите на градоначалникот меѓутоа сакаме да добие уверување од градоначалникот дека ова нема да се одолговлечи, и да не биде неискрено зошто тој има направено разговори со инвеститорот и со градот Скопје и би сакале наредната седница да бидеме информирани до каде е ситуацијата со преговорите со инвеститорот и со Градот Скопје и кои се одлуките“ кажа Антовски