Никица е син на Добрин Петрушевски, близок соработник на Оливер Спасовски, а се јавува и како инвеститор на фамозната бензиска пумпа во населбата „Перо Чичо“, појаснува страницата на Кумановска република.
„Се поставува прашањето, од каде толку пари на овој млад човек да биде инвеститор на бензиска пумпа или пак позади оваа инвестиција стои уште некој од присутните на третата слика, направена при поставување на камен темелник на споменатата бензинска пумпа?“, се поставува прашање во споменатиот пост на Фејсбук.