Актуелно 19.09.2018 15:49

Специјализантите стоматолози на протест: Ни беше ветувано дека ќе бидеме исплатени, а сега ни велат дека нема пари моментално

Специјализантите стоматолози на протест: Ни беше ветувано дека ќе бидеме исплатени, а сега ни велат дека нема пари моментално

Приватните специјализанти на Стоматолошкиот факултет Скопје денеска излегоа на мирен протест, за да го изразат својот револт поради тоа што се уште нема решение за паричниот надоместок кој им бил ветен од министерот.

-Остварени се повеќе средби на кои не беше ветувано дека ќе ни биде исполнет месечниот надоместок, меѓутоа досега нема никаков ефект од тоа. На последната средба беше прецизирано дека од септември оваа година ќе почне исплатата, меѓутоа на последната средба со службеник од министерството кажано е дека нема пари моментално, ќе биде реализирано понатаму, изјави Елена Лазаровска, една од специјализантките кои чекаат пари, за „Новатв.мк“.

Таа побара да не остане само на усно договарање, туку бараат еден конкретен договор, со што ќе има основа за барање на тој надоместок. Таа кажа дека ја поздравуваат изјавата на министерот дека ќе бидат исплатени и дека се надеваат дека ќе стои на тоа што го кажа.