Актуелно 22.02.2019 12:02

Според експертскиот тим по историја, Самоил нема големо значење во развој на културата но е извор на глупав и бизарен конфликт

Според експертскиот тим по историја, Самоил нема големо значење во развој на културата но е извор на глупав и бизарен конфликт

Во централните вести на 1ТВ гостуваше еден од членовите на преговарачки тим, експертски тим, историчарот Петар Тодоров кој говореше за нивната работа при што се осврна на спорот во врска со цар Самоил, што според него овој спор бил банален, а неговото решение разумно. Тие прашања му звучеле како кога ќе влезете некаде и ве прашуваат чив си ти вујко или син.

„Треба да бидеме озбилни во оваа работа Самоил припаѓа на историјата, не може Самоил да го национализираме или да му дадеме етнички карактер онаков како што ние денеска споделуваме. Поради тоа, многу е глупаво по мене да цар Самоил и различните толкувања за цар Самоил бидат пречка за развојот на добрите односи. Да мртвите луѓе пред 1.000 години да им пречат на денешните живи луѓе, прогрес на развој на нивните општества“ – нагласи Тодоров.

Според Тодоров, Самоил припаѓа на татко му и мајка му, тие прашања чив е Самоил е како да влезете во лифт и ве прашаат чив си ти.

„Самоил според мене е извор на еден глупав и бизарен конфликт. Да се расправаме за припадност на некој си цар кој живеел пред 1.000 години при што си нема некое големо значење во развојот на културата“ – рече Тодоров.

Најнови вести