Сушата, која веќе неколку недели опфаќа многу области во Германија, досега предизвикала штета од повеќе од една милијарда евра.
Износот на загубите во најпогодените провинции достигна 1,1 милијарди евра, станува јасно од информациите од средбата меѓу федералната и регионалните влади.
Само провинцијата Шлезвиг-Холштајн, најсеверна во земјата, претрпе загуби од 422 милиони евра, објави Министерството за земјоделство.
Здружението на германски фармери (DBV) повика на 1 милијарда евра помош за компензација на загубите од уништените култури.
Министерот за храна и земјоделство Јулија Клокнер даде инструкции на провинциите да разгледаат какви се штетите и да состават листа со предлози за ублажување на тешкотиите, иако на краток рок не се очекуваат обврзувачки одлуки на федералната влада по прашањето за помош.
Клокнер сака да ги чека конечните податоци за жетвата на крајот од август.
Во Германија, одговорноста за обезбедување поддршка за земјоделците во кризни ситуации е главно во рацете на 16-те провинции.
Недостатокот на житни култури ги лишува земјоделците од добиточна храна и автоматски води кон пораст на цените. Голем број производители на млеко веќе одлучиле да го продаваат добитокот свој и бројот на закланите крави и јуници е зголемен за 10% во првите две недели на јули, според Германската агенција за земјоделство и храна.
Единствената добра вест за Германија во моментов е дека земјата беше поштедена од пожари, за разлика од опустошените десетици илјади хектари во Шведска или оние кои доведоа до смрт на стотици во Грција.