Премиерот Зоран Заев, во неговото интервју за „Дојче веле“ вели дека Макеоднија ќе стане членка на ЕУ кога ќе се европеизира, притоа лицитирајќи со години како 2025 или 2030. Заев е премиер на партијата, која ветуваше брз влез во ЕУ, за сега да ретерира од таквите ставови и да се расфрла со години како 2030.
– Ние сме земја кандидат од 2005 година, чекаме 14 години пред вратите на Европа да ги отвориме поглавјата, не да станеме членка, во такви околности голем дел од нашето законодавство е веќе адаптирано со ЕУ, јас верувам дека во јуни ЕК ќе ги отвори преговорите со ЕУ, каде што ќе го подобриме низ преговарачкиот процес квалитетот на животот во нашата земја Република Северна Македонија, во такви околности кога ќе заслужиме тогаш ќе станеме членка дали е тоа 2025, дали е 2022, дали е 2030, кога ќе заслужиме и кога ќе ја европеизираме нашата земја, тогаш и ќе станеме членка на ЕУ, одговори Заев на прашање на новинарот на Дојче веле дека се надева дека патот на Македонија, но и останатите држави од Западен Балкан ќе влезат бргу во Унијата.
Во предизборната програма на СДСМ за парламентарните избори 2016 година, сегашната власт вети почеток на преговорите до крајот на 2017 година, помина речеси година ипол од ветеното, но се уште ништо на повидок.