Актуелно 27.11.2018 00:39

Стаменковска: Луѓето од 27 април не се терористи

Стаменковска: Луѓето од 27 април не се терористи

Сега требаше да разговараме за реформи кои се реализирани, за пораст на економијата, а не како што сега зборуваме за селективна правда, економија која тоне, криминал на секој чекор, рече Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ гостувајќи на телевизија 24.

Говорејќи за отфрлениот предлог на законот за амнестија таа посочи дека „лицата опфатени со 27 април не се и не можат да бидат терористи, тие сакаат фер и правично судење“. -Не може човек кој што си ја сака државата да биде терорист. Не може за човек за кој нема доказ да се сомничи за тероризам да биде осомничен. Едноставно е тие луѓе сакаат само фер и правично судење, рече Стаменковска.

Најнови вести