Актуелно 27.11.2018 00:19

Стаменковска: ВМРО-ДПМНЕ ќе го крене гласот против ненародната власт

Стаменковска: ВМРО-ДПМНЕ ќе го крене гласот против ненародната власт

Целта на протестот во среда е да се крене глас дека состојбата не води никаде, да се укаже дека не е направено ништо од ветеното. Македонија тоне во економска смисла, се случува само криминал. И додека сето ова се случува СДСМ го води процесот за промена на Уставот, рече Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ гостувајќи на телевизија 24.

Таа посочи дека за измените на Уставот треба да се води транспарентен однос, а не како што тоа го СДСМ.