Актуелно 05.10.2018 22:53

Стаменковска: Волјата на граѓаните е јасна- ако немаше полнење на кутии процентот на референдумот немаше да биде поголем од 25%

Стаменковска: Волјата на граѓаните е јасна- ако немаше полнење на кутии процентот на референдумот немаше да биде поголем од 25%

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска во дебата на ТВ „Алфа“, кажа дека партијата во ниту еден момент не се одрекла оти за секоја една работа што ќе ја направи ќе се консутлира граѓаните. Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема зборувано за промена на уставното име со цел промена на Уставот.

-На овој референдум, процентот ако беше реален без присила и полнење на кутиите тој би бил помал. ОБСЕ и ОДХИР ги прават нивните извештаи само на оние места каде што беше мирно и гласањето течеше како што треба. Овој референдум, ВМРО-ДПМНЕ ќе го признаеше доколку на денот на референдумот излегоа 50% +1 граѓанин. Волјата на граѓаните на Република Македонија е јасна. Процентот на референдумот, ако немаше полнење на кутиите и со сила да се тераат да гласаат, немаше да биде поголем од 25 %, рече Стаменковска.

Во однос на референдумот и неговата успешност, таа посочи дека дури и Државната изборна комисија објавил дека тој не е успешен.

-Овој референдум е само за промена на уставното име на Р. Македонија. Дури и ДИК поврди и го има кај нејзе на официјалниот сајт дека овој референдум е неуспешен. Денес изјавата на Јункер како што и кажа и Пахор дека ЕУ е затворена до 2025-та година. И да го смениме името, Македонија пред тој датум нема да влеземе во ЕУ, кажа Стаменковска.

Таа уште еднаш ги повтори ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, дека нема да се гласа за промена на Уставот и на уставното име.

Во однос на делот на пржинската влада, Стаменковска посочи дека има закон за влада и тој е објавен во службен весник кој што вели дека во случај на избори треба да има оставки на министрите за труд и социјална политика и МВР и секаде каде што е тоа предвидено со тој закон и тоа 100 дена пред тие да одржат.

Таа притоа посочи дека, ВМРО-ДПМНЕ не бара ништо што не е предвидено со закон.

Најнови вести