Министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство Љупчо Николовски и премиерот Зоран Заев денеска со свеченост ќе го означат отпочнувањето на проектот изградба на брана Конско, кој беше испланиран и доведен до ниво на почеток на реализација од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ.
Овој проект кој треба да обезбеди наводнување на над 4.500 хектари нови површини во гевгелискиот регион во 2016 година беше оспоруван од страна на сегашниот министер, а тогашен заменски министер за земјоделие, Љупчо Николовски. Имено, тогаш на прес конференција исто помпезно како и денес Николовски велеше дека тендерот е спроведен криминално, дека ќе отпочне нова постапка за јавна набавка на браната Конско и за тоа некој ќе сноси одговорсност.
Тендерот кој оспоруваше во 2016 година Николовски го доби турската компанија СЕРКА и која според него била дел од криминален и матен тендер. Само една година подоцна истиот Николовски, овојпат како министер за земјоделство објави дека оспоруваната компанија ќе го гради овој проект, кој денес гледаме дека помпезно и се отпочнува.
Останува дилемата дали Николовски ја манипулираше јавноста во 2016 година со цел да добие некој политички поен или станал соучесник во наводниот криминалот за кој самиот тврдеше пред медиумите? Николовски и Заев во најмала рака должат одговори, но и извинување, бидејќи во случај тогашните нивни опбвинувања да беа вистинити, тие наместо прослава требаше да поднесат кривична пријава за фирмата која добила ангажман на наводниот криминален тендер.
Јавноста веќе коментира дека ова веќе станува хронично лицемерно, едни исти проекти на власта на ВМРО-ДПМНЕ да бидат напаѓани како криминални, а потоа помпезно да се преставуваат како успеси на Владата на Заев.