Венко Филипче и Ирина Ставридис Пановска треба да си заминат од функциите. Незамисливо е во јавна установа да доделува тендер при очигледен судир на интереси на компанија на таткото на актуелната директорка, притоа сето тоа да се прикажува како бирократски чин, изјави портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Наум СТоилковски и додаде:
„Изземањето на директорката од потпишување на договорите за набавка е недоволно за да се сузбие фактичкиот судир на интереси во кој што се наоѓа ќерката – директор. Се работи за крвно сродство од прв ред ,родител – дете, судир на интереси кој што неминовно во повластена положба ја става семејната компанија на директорката на јавната установа пред другите учесници на тендерот. Со тоа се нарушуваат основните принципи на пазарни услови и за фер тендерска постапка.Во вакви услови на судир на интереси, семејната компанија на директорката, стекнува материјална добивка под привилегирани услови од здравствениот буџет преку договор со клиниката тежок над 3.000.000 евра. Ова се трите тендери во кои што клиниката за хематологија со која што директорува ќерката на добитникот на тендерот, доделува тендери на компанијата татко на директорката на клиниката. Токму заради тој факт – очигледен судир на интереси, крвно сродство од прв ред, компанијата „Др. Пановски“, предводена од таткото на директорката, не смее да добие тендер распишан од Клиниката за хематологија, во време на директорување на неговата ќерка.“
Стоилковски потенцираше дека потребно е поништување на тендерот, поништување на договорот и враќање на парите, а се друго и поинаку би било слепост на институциите и примижување за враќањето на белата мафија на голема врата, белата мафија симболот на владеење на СДСМ со здравство.
-Никој не спори дека семејната компанија на директорката на клиниката за хематологија може да работи во својата дејност, но во овој случај со договорот со клиниката на хематологија има очигледен судир на интереси! При тој судир на интереси, само во првите од тендерите се доделени 2,1 милион евра, што е највисок тендер кој што го добила оваа компанија во соработката со универзитетските клиники или било со кои други јавни установи. Споредено, колку тоа изнесува тие 2,1 милион евра значат изградба на три нови бункери колку што е изградбата на бункерот за за акцелераторот во Клиничката болница во Штип, 700.000 евра онолку колку што министерот Филипче ги задолжи граѓаните за доизградба на бункерот во Штип. Потребно е оставка веднаш, и раскинување на тендерот и враќање на парите, додаде портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.