Актуелно 14.07.2018 17:18

Стоилковски: Македонија не бара прослави, Македонија бара извинување за капитулацијата која ја предизвика Заев

Стоилковски: Македонија не бара прослави, Македонија бара извинување за капитулацијата која ја предизвика Заев

Зоран Заев ги лаже македонските граѓани и со секој изминат ден се потешко успева да ги покрие овие лаги. Зоран Заев е првиот македонски политичар кој ги прифати сите грчки црвени линии и одбработи не за македонските, туку за грчките интереси, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ципрас на официјалната интернет страна објави дека со договорот што го потпиша Заев во Нивици, Грција извојувала победа. Ципрас се пофали дека ги зачувал црвените линии на Грција. Цитирам „Грчката влада во целост ги бранеше сите свои црвени линии, сите црвени линии и нашата национална позиција, како што беше случај во последните 20 години. Ние ги обезбедивме големите актуелни грчки барања, кои не се однесуваат само на нашето национално минато, туку на сегашноста и иднината“- пишува на официјалната интернет страна на грчкиот премиер. Каде е тука Заев? Која црвена линија ја одбрани Заев?, запраша Стоилковски и додаде:

„Ципрас го демантираше Заев и потврдува дека со Договорот се предвидува преименување во Република Северна Македонија, како што исто ќе се именува и во Грција Северна, без превод, дека сите 140-те земји кои денес не признаваат како Република Македонија сега ќе велат „Република Северна Македонија”. Договорот, вели Ципрас, предвидува дека Грција ќе го признае државјанството на соседите како „граѓани на Северна Македонија“.

Овие официјални ставови на Ципрас, подвлече Стоилковски, соодветствуваат со неговите официјални твитер обраќања пред неколку дена, кога за тврдењата на Заев вели:

„Тие, а се мисли на Заев и неговата свитата, инсистираат на лагата дека Грција прифатила македонска нација и јазик со договорот. Тоа го прават иако многу добро знаат дека никаде во договорот никаде не стои признавање на македонска националност. Нема признавање на националност“, вели твитот на грчкиот премиер.

Македонското МНР, додава Стоилковски, молчи и не реагира дали се точни тврдењата на грчкиот премиер Алексис Ципрас.

-Зоране, ќе го демантираш ли Ципрас, или по овие негови тврдења ќе тераш со лагата и самоцензурата, онака како што не смееш пред камера да изговориш Македонија пред грчка камера среде македонската влада? Македонија не бара прослави. Македонија бара извинување за капитулацијата и комплетното девастиреање кое го предизвика Зоран Заев. Македонија утре ќе протестира во Кавадарци, граѓани приклучете се на протестниот марш против овие погубни политики и виртуелна реалност креирана од Зоран Заев, потенцираше порпаролот на ВМРО ДПМНЕ.

&nb

Најнови вести